ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Имајте го во предвид нашето Известување за обработка на податоци за личноста. 

СОДРЖИНА

Материјали како што се слики, фотографии, графики, логотипови, видео, филмови, аудио фајлови и текст („материјал“) се користат на сајтот Bio Save („сајт“). Материјалот е сопствеништво на компанијата Bio Save (во понатамошниот текст: Компанија), и е заштите со одредбите од Законот за авторски и сродни права, Законот за печати, Законот за правна заштите на индустриски дизајн,  како и други прописи со кои се штити правото на интелектуална сопственост, како во Македонија, така и на меѓународно ниво. Секоја употреба на материјали надвор од чисто приватни цели побарува претходна писмена согласност од компанијата. Истото важи и за секоја измена на материјалот, особено за превод или било кој друг облик на обработка, како и било каков пренос на материјали.

Материјалот може да биде предвиден за превземање од сајтот, кога тоа е изричито наведено и дозволено.
 

ОГРАНИЧУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ

Доколку корисникот превземе материјал или го користи во било кој друг облик, тоа го прави на сопствен ризик. Компанијата нема да биде одговорна за било какви загуби кои корисникот може да ги има во тој поглед, особено ако во прашање се податоци, хардвер или софтвер. Компанијата не прифаќа никаква одговорност за било каква повреда на правата на трети лица.

Информациите на овој сајт се внимателно собрани и проверени. Компанијата, меѓутоа, не прифаќа никаква одоговорност за точноста, ажурноста и целовитоста на информациите. Овој сајт нуди општи информации кои на ниеден начин не ги заменуваат советите на лекарите или стручните лица. 

ПРАВНИ ПОСЛЕДИЦИ

Компанијата го задржува правото на корисникот да му го блокира пристапот за пријавување ако корисникот ги прекрши овие одредби и условите за користење и/или било кои законски одредби. Во таков случај, пријавувањето веќе не е дозволено и секое понатамошно користење според тоа се смета за незаконско. Компанијата го задржува правото против корисникот да покрене одговорачки граѓанска, кривична, управна или друга судска постапка, како и секоја постапка пред надлежните органи. 

Неважност или ништовност поединечни одредби содржани во овие услови за користење нема да влијаат на полноважност на останатите услови за користење.