Како една од услугите, Bio Save ја осмисли програмата за бесплатно чување на матични клетки “Моето е твое”.
Секое дете кое е болно ќе добие прилика веќе на раѓањето на својот брат или сестра да добие еден вреден подарок кој може да му го спаси животот.
"Моето е твое” е програмa за семејно чување матични клетки кој е ослободен од плаќање на било какви трошоци. Целосно бесплатно им овозможуваме на семејствата кои сакаат да сочуваат матични клетки од крв од папочна врвка за своето новороденче за некој член од семејството (брат или сестра) кај кого е поставена дијагноза која е таква да укажува на постоење на хематолошко заболување кое може да му го загрози животот, а кое може да се лекува со матични клетки.
За семејството да може да се квалфикува за програмата “Моето е твое”, детето мора да има дијагноза за болест која моментално спаѓа во редот хематолошки заболувања кои можат да се лекуваат со матични клетки од крв од папочна врвка, да постои доказ за првостепено крвно сродство, и да постои онколог/хематолог кој се согласува со тоа дека даденото заболување може да се лекува со употреба на матични клетки. Bio Save ќе обезбеди комплет за собирање крв, ќе го обработи и сочува примерокот со крв од папочна врвка од новороденчето, до моментот кога ќе се укаже потреба истиот да се искористи, без пресметување на било какви трошоци за даденото семејство.
Bio Save ги сноси сите трошци кои ги пресметува породилиштето кое е вклучено во постапката на собирање примерок со крв од папочна врвка на Вашето новороденче, сите надоместоци за транспорт на примерокот до нашите лаборатории како и сите трошоци за транспорт на матичните клеткиод банката за матични клетки до болницата во која ќе се врши трансплантацијата.