ИСКУСТВА НА КЛИЕНТИ

ИСКУСТВА НА КЛИЕНТИ

Другите за нас

Стефанија

Од многу пријатели слушав само пофални зборови за вашиот тест, па решив да го направам и јас и не погрешив. Резултатот го добив третиот ден после земениот примерок и го дознав полот на бебето, иако не верував дека во рана бременост може да се добие таа информација.

Марија

Само пофални зборови за вашата компанија, љубезен персонал и супер услуга. Дојдовте до мојот град за да земате примерок, бидејќи имав комплицирана бременост и не можев да дојдам кај вас. Би благодарам што ми ги тргнавте сите сомненија за постоење на овие синдроми и ми овозможивте да имам безгрижна бременост.

Даниела

По високиот ризик  на приска, изгубив надеж дека мојата бременост ќе биде успешна. Бев спремна да ја прекинам мојата бременост, но мојот гинеколог ме убеди да направам Qualified и по резултатот да одлучиме што понатака. Резултатот беше уреден и јас родив здраво машко бебе.

Александра

BioCube е пакет кој што им го препорашувам на сите трудници. Тестот ќе го елиминира ризикот за постоење на хромозомски нарушувања, а матичните клетки ќе им овозможат сигурна иднина на вашите дечиња.

Биљана

На првиот скрининг докторката ми кажа дека има можност и се сомнева на постоење на Даунов Синдром, тоа беше голем шок за мене. Ми кажа дека имам две можности, амниоцентеза или пренатален тест. Мојот избор беше пренатален тест Qualified.

Јана

Прецизен и точен резултат во 11 недела, се беше во ред со сите испитувања и најмногу од се, се израдував што ќе добијам ќерка.

Ана

На 40 години го родив моето прво дете иако знаев дека во тие години бременоста може да биде доста ризична. По консултација со матичниот гинеколог одлучив да направам Qualified. Моја препорака за сите трудници над 35 година: Не се изложувајте на дополнителен ризик со амниоцентезата, тестот е одлична замена за неа.

Аделина

Направив тест со двете дечиња и сум презадоволна од услогата на целиот тим. Професионални, љубезни и достапни во секое време за секакви информации. Благодарам БиоСејв.

Маја и Игор

Благодариме на БиоСејв што ни дадовте можност да ги сочувам матичните клетки на нашето дете, со што ќе му обезбедиме посигурна иднина. Не би сакале никогаш нашето дете да има потреба од нив, но доколку дојде до спротивното знаеме дека тие ќе му бидат достапни и ќе може да ги искористи.

Марина

Најпрво мислев дека матичните клетки се бескорисни и дека нема да можам да ги користам. Благодарам до Верица која ни ги даде сите потребни информации и даде одговор на сите наши прашања. Благодарам што ни дадовте сигурност за нашите деца.

Марина

Најпрво мислев дека матичните клетки се бескористи и дека нема да можам да ги користам. Благодарам до Верица која ни ги даде сите потребни информации и даде одговор на сите наши прашања. Благодарам што ни дадовте сигурност за нашите деца.

Викторија

Ви благодарам од срце, немам зборови како да Ви заблагодарам за пристапот и начинот на кој работите. Премногу ни значи што одвоивте време да ни се јавите и на пријатен начин да ни ги соопштите резултатите. Ви посакувам се најдобро. Имајте убав ден. 

Ангела

Со првата бременост ми беше детектиран Даунов Синдром во 10 недела. Во консултација со доктор бременоста ја прекинав без никакви последици. И после се што ми се случи не изгубив надеж и по две години повторно останав бремена и по втор пат се доверив на Qualified. Добив уреден резултат каде немаше детекција на синдроми и родив здраво машко бебе.

Симона

Доктор Антони Би благодарам на одвоеното време и прецизните информации околу матичните клетки, за нивната примена и нивната предности. Сега навистина знам што всушност претставуваат матичните клетки од папочна врвка и би сакала да го сочувам примерокот во FamiCord.

Филип и Тијана

Можност да сочувате матични клетки од папочна врвка дознавме по добиениот резултат од пренаталниот тест. Вашиот персонал ни ги објасни сите предности доколку го сочуваме примерокот, а понудата беше навистина прифатлива и одлучивме да го земеме пакетот BioCube.

Тања

Здраво. Јас сум Тања и сакам да се упатам благодарност до вашиот тим кој во доцните часови ми донесе сет пред породувањето, по мојата одлука во последен момент да сочувам примерок кај вас.

Елена и Игор

Можноста што ни ја дадовте да сочуваме матични клетки за нашата ќерка е бесценета. Благодарам за одвоеното време, трпение и сите дадени информации. Ќе ве препорачам на сите блиски пријатели и роднини затоа што оваа услуга е навистина корисна и еден ден нашата ќерка ќе ни биде благодарна.

Јована

Во моментот кога дознав дека имам ризик најважно нешто ми беше да дознаам што навистина се случува со моето бебе. Фала Qualified што мојот кошмар траеше само три дена и што благодарение на вас имам безгрижна бременост и уживам во овие денови.

Дрита

По консултации со повеќе доктори, сфатив дека вистинскиот избор за мене е Qualified. Прецизен резултат со голема доверливост. 

Џенана

Наместо да купам скапа количка, решив моите пари да ги инвестирам за индината на моето дете и да ги сочувам неговите матични клетки од папочна врвца. Благодарам БиоСејв што ми го овозможивте тоа.

Даниела

По високиот ризик  на приска, изгубив надеж дека мојата бременост ќе биде успешна. Бев спремна да ја прекинам мојата бременост, но мојот гинеколог ме убеди да направам Qualified и по резултатот да одлучиме што понатака. Резултатот беше уреден и јас родив здраво машко бебе.

Sign In