AABB (American Association of Blood Banks) е стандард признат ширум светот во болници кои се занимаваат со трансплантации на матични клетки.
AABB е институција која издава сертификати од 1947. година, последните 60 години е лидер во областа банки за крв и собирање, обработка и издавање примероци, а како таква има најмногу искуства во транфузиологија и терапии со матични клетки. Скоро сите американски банки за матични клетки го имаат овој стандард и 80% од болниците во Америја кои спроведуваат трансплантации со матични клетки го поседуваат овој стандард кој е одобрен и од Америкаската управа за храна и лекови (FDA).
AABB сертификатот е сертификат кој ги обединува банките за матични клетки, болниците и медицинските работници во единствен програм за обука за највисок квалитет при трансплантации во светот. Стандардот ги опфаќа сите чекори во постапувањето со матични клетки – од собирање, преку транспорт, обработка и тестирање матични клетки, до чување, з потоа и достава во болница и примена на матичните клетки. Поседувањето на овој стандард гарантира дека Вашиот примерок ќе биде прифатен за лекување во сите болници во светот.
AABB сертификатот го поседуваат 1700 болници во преку 80 земји во светот. AABB е еден од само трите сертификати кои се акредитирани од Интернационалното Здружение за Квалитет на Здравствена Заштита. AABB сертификатот е ускладен со меѓународниот ISO 9000 стандард кој е највисоко интернационално ниво на стандардизација во индустријата и услугите.
Сертификатот се обновува на секои 2 години само по повеќедневни тренинзи за секоја сертифицирана установа или поединец.
Повеќе за AABB сертификатот можете да прочитате овде.