Ткивото од папочната врвка содржи посебен вид на матични клетки кои се нарекуваат мезенхимални матични клетки. Матичните клетки од папочното ткиво можат да се изолираат од Вартоновата слуз (Wharton’s Jelly) кој сочинува поголем дел од папочната врвка.
Мезенхималните матични клетки во лабораториски услови покажаа исклучителни својства развивајќи се во разни видови на клетки како што се клетки на кожа, коски, ‘рскавици, мускули и други. Освен тоа, мезенхималните матични клетки делуваат имуно-супресивно – на пример можат да ја ублажат реакцијата на отфрлање на трансплантатот (GVHD).
Во ткивото од папочна врвка помеѓу останатите пронајдени се и:
- Мезенхимални матични клетки
- Ендотелни матични клетки
- Епителни матични клетки
Постапката за собирање на ткивото од папочна врвка е едноставен, брз и безболен процес. Не претставува никаков ризик за мајката и бебето. За земање на ткивото од папочна врвка се користи еден од нашите специјални сетови. Кога бебето е веќе родено, докторот или акушерот едноставно ја пресекуваат папочната врвка која е споена со плацентата.
Во лабораторијата, ткивото од папочната врвка се прегледува, квалификува и тестира пред финалното замрзнување. Комплетната процедура мора да ги исполни сите неопходни стандарди кога е во прашање квалитетот, во согласност со GMP стандардот.
Зошто е важно да се зачува ткивото од папочната врвка?
Мезенхималните клетки (MSC) се применливи во разни видови на експериментални терапии со цел да помогнат во разни здравствени состојби, како на пример церебрална парализа, мускулна дистрофија, пропаѓање на очен нерв и АЛС.
Мезенхималните матични клетки можат да се применат како дополнителна терапија заедно со матичните клетки кои се издвоени од крвта од папочна врвка во ситуации каде што постои релативно ниска количина на хематопоетски матични клетки.
Мезенхималните матични клетки можат да ги користат сите членови на семејството. Не постојат строги критериуми за исполнување на ХЛА поклопување затоа што ХЛА експресијата на MSC е многу слаба.
Матичните клетки од крвта од папочна врвка можат да се диференцираат во разни видови на клетки кои се наоѓаат во крвта на детето, а MSC се способни да се диференцираат во поголемиот дел од останатите клетки на организмот.