Современата технологија која ја користи FamiCord осигурува зголемен квалитет на сепарираниот примерок со матични клетки.
Со методот на редукција на крвта се намалува содржината на црвените крвни зрнца - со што се намалува можноста од оштетување на црниот дроб кај трансплантација со примерокот и се зголемува сигурноста за Вашетот дете.
Овој начин на чување ја намалува можноста за појави како несакани ефекти кај пациенти како резултат на некомпатибилност на крвните групи доколку примерокот се користи кај брат или сестра.
Кај намален примерок се намалува и користењето на DMSO супстанцата во процесот на замрзнување. DMSO се доведува во врска со срцеви проблеми, отежнато дишење и многу висок или низок крвен притисок. Со чувсање на помал примерок - поконцентриран -пропорционално се користи и помала DMSO доза.
Во светот постојат 158 јавни банки за матични клетки кои имаат складирано преку 1.500.000 примероци и 215 приватни банки за матични клетки во кои се складирани преку 10.000.000 примероци.
- Се мери точниот број на CD34+ матични клетки - познат квалитет на примерокот пред замрзнувањето.
- Помал ризик од инфузиски реакции.
- Современата метода на сепарација ги задржува клетките кои во иднина можат да се искористат во регенеративната медицина како што се VSEL клетките, MSC и HSC клетките.
- Помалку отпад од црвени крвни зрнца што ја намалува некомпатибилноста во случај матичните клетки да се користат кај брат или сестра.
- Нема потреба за „перење“ на примерокот по одмрзнувањето што го намалува ризикот од губиток на важни клетки.
FamiCord го чува примерокот со матични клетки поделен во две одвоени комори што дава можност за две засебни терпии – во хематолошки индикации и регенеративната медицина.