Зошто да сочувам матични клетки?

Зошто да сочувам матични клетки?

Прашања и одговори

Зошто да ги чувам матичните клетки на моето бебе?

  • Неограничен регенеративен потенцијал за сите ткива и органи
  • Можност за лекување на преку 100 болести
  • 7. 000 клинички студии кои испитуваат нови терапии со матични клетки
  • Можност за чување на долга низа години
  • 100% одговараат на моето дете
  • Чување на матични клетки е еден вид на здравствено осигурување – со вложување во чување матични клетки купувате “билет” за иднината во медицината

НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

На нашите клиетни

Дали собирањето матични клетки зависи од начинот на породување – природно или царски рез?

Не. Докторот или акушерот можат да ја соберат крвта од папочна врвка при двата видови на породување.

кој се може да ги користи матичните клетки?

Матичните клетки од крв од папочна врвка совршено одговараат за детето од кое се земени и постои до 50% шанса да одговараат кај брат или сестра.

Матичните клетки на детето не можат да се користат кај тоа дете за лекување на одредени наследни пореметувања на крвта затоа што гените за наследната болест се присутни и во тие матични клетки. Во овој случак ќе бидат потребни матични клетки од брат или сестра или донорски.

како се чуваат матичните клетки?

Матичните клетки се сепарираат од крвта, се пакуваат во ќеса и замрзнуваат на -196 степени Целзиусови. Дополнителни се оставаат 5 мали ќесички за испитување на HLA типизацијата. Матичните клетки се спремни за употреба веднаш по одмрзнувањето.

КОЛКУ ПАТИ МОЖАТ ДА СЕ КОРИСТАТ МАТИЧНИТЕ КЛЕТКИ?

Една ќеса се користи за една терапија. Денешната технологија може да ја подели ќесата и да се користи два пати. Доколку има доволно крв матичните клетки можат да се сочуваат во две одвоени ќеси со што би се овозможиле повеќе терапии. Крвта од папочна врвка се чува во криоќеси кои се делат во однос 80:20.

Кај трансплантација на коскена срцевина со денешната технологија воглавни се користи цела ќеса. Поделбата на 80:20 е резервен план за иднината кога матичните клетки редовно ќе се размножуваат и ќе можат да се користат повеќе пати.

за лекување на кои болести се користат матичните клетки?

Матичните клетки од крв од папочна врвка се користат за обновување на коскената срцевина кај низа болести на крвта и имунолошкиот систем како што се леукемии, анемии и автоимуни болести. Воглавно се користар кај деца, но почнуваат да се користат и кај возрасни по хемотерапија.

Крвта од папочна врвка истотака се користи во регенеративната медицина каде матичните клетки можат да регенерираат клетки и така да го обноват оштетеното ткиво. Овие истражувања доведоа до терпаии за церебрална парализа, аутизам, повреди на мозокот дијабетес тип 1.

Покрај тоа, постојат многу клинички студии кои ја испитуваат употребата на матичните клетки од коскена срцевина. За многу од тие третмани матичните клетки од крв од папочна врвка можат да бидат замена и имаат многу предности во однос на коскената срцевина.

од каде уште можат да се соберат матични клетки?

Ако матичните клетки не се сочуваат при раѓањето тие можат да се соберат од коскената срцевниа подоцна во текот на животот.

Ако на Вашето дете му притреба трансплантат со матични клетки може да добие донирани матични клетки од:

  • Брат или сестра
  • Спарен несроден донор од регистар за даватели на коскена срцевина (локален или интернационален)

Оваа опција сепак не е загарантирата затоа што донори се наоѓаат многу тешко, за неа треба време и е многу скапа.

која е веројатноста да се пронајде донор?

Веројатноста да се пронајде донор за трансплантација на матични клетки зависи од расата затоа што HLA гените на нашите ткива се различни.

За белци, шансата да се најде донор за матични клетки се 1:100.000.

За деца од мешани раси и етнички малцинства шансите за пронаоѓање донор е 1:400.000.

како се применува трансплантат со матични клетки?

Постојат два вида на трансплантати:

  •  Автологен (од самиот пациент) трансплантат когаа донорот и примачот се исто лице. Во оваа ситуација се користат матични клетки од самото дете. Ова не е возможно ако детето има наследна болест на крвта затоа што матичните клетки имаат ист генетски проблем.
  •  Алоген трансплантат кој може да биде од сродник од семејството или несродник од регистар на даватели. Овој трансплантат може да се користи и кај наследни и кај ненаследни болести.

Пациентот добива хемотерапија за крвна или автоимуна болести за да се уништи постоечката оштетена коскена срцевина и потоа прима нови матични клетки.

Матичните клетки од папочна крв се спремни за употреба веднаш по одмрзнувањето. Лекарот ја добива сета потребна документација од банката за матични клетки кога ќе се одлучи за трансплантацијата. Bio Save и FamiCord го праќаат примерокот со матилни клетки само доколку постои писмено одобрување од родителите и писмена потврда од лекарот со датумот, времето и местото на трансплантацијата.

Ако е потребен алоген трансплантат (за брат или сестра) тогаш е потребни HLA (Human Leukocyte Antigen) тестирање. Овој процес трае околу 3 недели и побарува примерок со крв од детето на кое му треба трансплантат. Ако дааветлот и примателот се поклопуваат лекарот ќе побара транспорт на матичните клетки до болницата.

Тест на хемоглобинопатија се прави кај давателот кога ќе се побара примерок со матични клетки за трансплантација. Ако донорот не е достапен, тестирањето може да се направи на мал примерок со матични клетки кој е складиран заедно со примарниот примерок.

можам ли да го одложам пресекувањето на папочната врвка и да земам матични клетки?

Одложеното пресекување на папочната врвка може да му користи на бебето, но ако пресекувањето се одложу предолго (до престанокот на пулсирање на папочната врвка) тоа носи ризик да нема доволно крв за земање. Секој случај е посебен и единствен и затоа конечната одлука треба да биде на гинекологот и акушерот за време на породувањето.

Доколку родилката се одлучи при одложено пресекување на папочната врвка се предложува одложувањето да не биде подолго од 1 минута.

Постои зголемен ризик за недоволен број матични клетки во примерокот кај одложеното пресекување на папочната врвка особено кај предвремено родени бебиња, бебиња со мала породилна тежина, тенка папочна врвка, крварење на мајката, дефект на постелката, повеќекратни бремености и компликации кај мајката како што се пре-еклампсија и дијабетес. Бројот на клетки опаѓа при долго одложување на пресекувањето на папочната врвка. Успешноста при земање е 7 пати поголема кога одложувањето е пократко од 1 минута наспроти подолго чекање.

Препораките се :

·         Секогаш кога е возможно да се одложи пресекувањето на папочната врвка до 60 секунди кај предвремено родени бебиња.

·         Одложено пресекување на папочната врвка се препорачува кај трудници со пониски примања каде недостатокот на железо во исхраната е почест.

·         Моментално не постојат доволно докази да се препорача одложено пресекување на папочната врвка кај термински бебиња со нормални семејни приходи.

Доколку мајката нема недостаток на железо и бебето е терминско, одложување на пресекувањето на папочната врвка за 30-60 секунди може да овозможи сигурно породување и доволно крв во папочната врвка за собирање матични клетки.

колку матични клетки се доволни за трансплантација?

Ова зависи од бројот на матични клетки сочувани во секој примерок и тежината и староста на лицето кое има потреба од трансплантација. Оптимална доза е 10-20 милиони клетки по килограм телесна маса. Бројот на матични клетки се разликува од примерок до примерок и зависи од количината на крв и други фактори. На извештајот кој го добивате од Bio Save и FamiCord постои јасно назначен број и виталност на клетките како и долните лимити за споменатите параметри.

Просечниот број матични клетки собрани во примерокот е обично доволен за терапија на лице со тежина до 50kg. Кај потешки лица можно е да се комбинираат два примерока.

Постојат технологии за размножување матични клетки и во последните години се користат во случај на помали примероци за лекување хематолошки болести. Кај церебрална парализа, аутизам и повреди на мозок, обично можат да се користат и помали примероци затоа што обично се работи за деца или бебиња кои имаат помала тежина.

колку долго матичните клетки можат да се чуваат и што се случува по истекот на договорот за чување?

Теоретски, матичните клетки можат да се чуваат до крајот на животот на лицето затоа што се складираат на температура од -196 степени Целзиусови, каде што сите биолошки процеси се запираат, па така и стареењето на клетките. Моментално во пракса имаме клетки кои се чувани, одмрзнати и искористени по 25 години.

По истекот на почетниот договор можно е да го продолжите договорот на дополнителен број години со цена која е гарантирана за клиентот во време на потпишувањето на договорот.

зошто се матичните клетки контроверзни?

Повеќе од 90% од истражувањата и терпаиите со матични клетки не се контроверзни. Ова ги вклучува студиите, акредитирани лаборатории за обработка и складирање матични клетки и стандардни терапии кои се вршат ширум светот.

Неколку полиња се контроверзни:

·         Ембрионалните матични клетки се добиваат од ембрионот по прекинот на раст на ембрионот и губиток на потенцијалниот живот. Таквите истражувања се забранети во Европа и Америка.

·         Клонирањето луѓе е забрането ширум светот затоа што вклучува копирање на нешто од поединечни клетки.

·      Неакредитирани клиники за терапии со матични клетки работат ширум светот кои нудат терапии по многу високи цени на пациенти кои ги исрпиле класичните начини за терпаија. Ваквите третмани воглавно не ги следат етичките, правните и научните стандарди кои се потребни за регистрирани клинички студии.

колку примероци сочувани во FAMICORD се искористени за терапија?

Само во 2019. година со примероци сочувани и обработени во FamiCord извршени се трансплантации со матични клетки кај скоро 800 пациенти. Тука се вклучени хематолошки болести како леукемии и анемии како и неуролошки терапии за аутизам, церебрална парализа, ортопедски терпаии за оштетено колено или 'рбет како и терапии на око кај губиток на вид поради одредени болести како што е пигментозен ретинитис. Терапиите се извршени во болници ширум светот во преку 30 земји. 

како да знам која банка да ја изберам?

Треба да изберете компанија со која ќе се чувствувате сигурно затоа што ги чувате матичните клетки за своето дете за цел живот. Испитајте кои банки Ви се на располагање. Најдобар меѓународен извор за такво нешто е сајтот Parents Guide.

обрнете внимание на следните информации:

  • Банката да биде меѓународно призната и акредитирана за да знаете дека лабораторијата за обработка на матични клетки се придржува до најстрогите стандарди како што се AABB и FACT
  • Да има доверливи меѓународни партнери
  • Да има голем научен тим кој е гарант за научен пристар
  • Да е транспарентна и сите трошоци да се јасно назначени

колку долго постои FAMICORD?

FamiCord постои веќе 15 години и до сега има собрано примероци за преку 500.000 семејства ширум Европа и светот, што ја прави најголема банка за матични клетки во Европа и 5. најголема во светот. FamiCord во својата група поседува 10 лаборатории во 8 европски земји што ја осигурува обработката на примероци дури и кога во една земја би настанала некоја вонредна ситуација која оневозможува транспорт на примероци.

како сум заштитен во случај компанијата да престане да постои?

Доколку дојде до проблеми на самото место на чување во FamiCord лабораторија, сите лаборатории (10) имаат меѓусебно осигурување од банкрот и превзмање примероци на чување доколку една лабораторија банкротира. Клиентот има двостепено осигурување.

каде се складираат матичните клетки?

Матичните клетки се складираат во Германската банка BioKryo која наоѓа во Sulzbach, Германија. Исто така постои и можност за складирање и во PBKM, централната и најголема лабораторија на FamiCord во Варшава (Полска).

дали можам да го поделам својот примерок во две ќеси?

Најдобро е примерокот да се складира во една ќеса. Единствено во случаи каде има доволно крв и доволно матични клетки има смисла да се подели примерокот во две ќеси. Во спротивно само се зголемува можноста за контаминација на примерокот и намалена виталност на клетките кои доаѓаат во контакт со вештачкиот материјал на ќесата за чување.

колку се сигурни матичните клетки на моето дете и кој ми гарантира дека нема да бидат искористени за некои истражувања?

Со оглед на тоа дека ние сме приватна банка и чуваме примерок за Вашето семејство, не правиме однапред HLA типизација на матичните клетки и на тој начин не знае дали тие би одговарале некому. Исто така, се однесуваме во согласност со Законот за човечки ткива кој забранува употреба на матични клетки без Ваша пишана согласност.

колку е важен транспортот на матичните клетки?

Кога матичните клетки ќе се соберат на породувањето нивната виталност почнува да се намалува. Многу е важно тие да се транспортираат во рок од 72 часа од породувањето. Bio Save користи искчучиво авионски превоз на овластени транспортни компании како DHL за Вашиот примерок да стигне што побрзо. Проверете задолжително со банката за матични клетки во која планирате да ги сочувате матичните клетки на Вашето дете како истите ги транспортираат.

дали можеме да ги преместиме матичните клетки ако се преселиме?

Се препорачува матичните клетки да останат да се чуваат каде што се зачувани затоа што Bio Save и FamiCord можат да ги транспортираат до било која болница во светот. Доколку сепак сакате да ги преместите поблиску до Вашето ново место на живеење и тоа е возможно преку покривање на трошоците за преселбата.

која е процедурата ако сакаме да ги искористиме матичните клетки?

За да можат матичните клетки да се искористат надлежниот лекар мора да индицира терапија со матични клетки за одредена болест. Потоа се испраќа и писмено барање со назнака во која болницата и кога е планирана терапијата. Bio Save во соработка со FamiCord организра транспорт на матичните клетки од банката до болницата и тоа целосно бесплатно за секој клиент на компанијата Bio Save.

Sign In