Матичните клетки можат да се поделат во различни категории зависно од нивното настанување. Една од поделбите е на ембрионални и возрасни матични клетки. Возрасните понатаму се делат на матични клетки од коскена срцевина и матични клетки од папочна врвка кои уште се нарекуваат и претходници на возрасните матични клетки.
Ембрионални матични клетки
Ембрионалните матични клетки се вид на клетки кои нудат најмногу можности, т.е. можат да се развијат во било кое ткиво или вид на клетки. Меѓутоа, тие се користат само за цели во истражувања и подобро разбирање на способностите на матичните клетки. Нивното користење во тераписки цели покренува сериозни етички прашања, со оглед на тоа дека по собирањето на клетките ембрионите се уништуваат.
Матични клетки од папочна врвка
Матичните клетки од папочна врвка - “неонатални” често се нарекуваат и претходнци на возрасните матични клетки. Само во крвта од папочна врвка постојат овие матични клетки кои сеуште не го минале процесот на стареење како матичните клетки од коскена срцевина, и со самото тоа имаа многу поголема способност за создавање разни човечки ткива.
Матични клетки од коскена срцевина
Долги години овие матични клетки беа префериран извор за трансплантации. Со откривањето на матичните клетки од папочна врвка, на медицината и се пружија многу повеќе можности, па затоа сега овие матични клетки се основа за лекување на тешки заболувања. Процесот на земање на матични клетки од коскена срцевина е многу болен и често е поврзан со операција. Овие матични клетки, со оглед дека се земаат од возрасен човек, се постари и многу помалку витални.
Во крвта од папочна врвка се наоѓаат:
- Хематопоетски матични клетки - HSC - овие клетки создаваат клетки на крвта и клетки на имунолошкиот систем
- Мезенхимални матични клетки - MSC - овие клетки имаат способност за создавање клетки на најголемиот број ткива и органи и имаат големо влијание на имунолошкиот систем.