ШТО СЕ МАТИЧНИ КЛЕТКИ?

ШТО СЕ МАТИЧНИ КЛЕТКИ?

Кои се нивните потенцијали?

Карактеристики на матичните клетки од папочна крв:

  • Самообновувачки
  • Млади
  • Паметни
  • Моќни
  • Единствени

Единствени во медицината

Во создавањето и делувањето на нашето тело учествуваат повеќе милиони клетки. Сите тие имаат своја функција и улога, т.е. се специјализирани за функционирање на одреден дел од организмот. Токму по тоа се разликуваат матичните клетки од останатите клетки од телото. Тие се неспецијализирани и можат да се трансформираат во било кој друг вид на клетки во организмот кој е уништен во текот на процесот на стареење, болести, повреди и сл. Тие се извор на сите клетки во телото, а оваа способност за регенрација на оштетени ткива ги прави единствени во медицинатаа.

Богатство од крвта од папочна врвка

Телото на новороденчето изобилува со вредни, потентни, витални матични клетки. Во текот на девет месеци тие го планирале и граделе телото на новото човечко суштество. И подоцна во текот на животот тие помагаат да се одржи механизмот за регенерација на организмот. Во моментот на раѓањето многу од овие драгоцени клетки се наоѓаат во крвта од папочната врвка, кој лекарот по пресекувањето ја држи во своите раце.

Како сопственик на свое депо со матични клетки Вашето дете би можело да има корист од напредокот на медицината во областа на матичните клетки и во случај на потреба веднаш може да добие компатибилни, непроменето млади и потентни матични клетки.

РЕЧНИК ЗА МАТИЧНИ КЛЕТКИ

Поими кои вреди да се знаат

ПЛУРИПОТЕНТНО

Матичните клетки се семоќни клетки кои можат да го регенерираат било кое ткиво или орган. За разлика од нив, клетките на возрасен човек се унипотентни и и не можат да се преобразат во друг вид на клетки.

РЕГЕНЕРАЦИЈА

Процес на обновување на ткива и органи. Поголемиот број органи немаат можност за обновување туку клетките со тек на време стареат и пропаѓаат. Матичните клетки можат да го обноват било кое ткиво или орган.

tnc

Total nucleated count е вкупниот број на клетки во примерокот со крв од папочна врвка. Покрај матичните клетки тука се наоѓаат и моноцитите, NK клетките и T лимфоцитите кои сите засебно имаат примена во модерната медицина. Ова е многу важен број затоа што лекарот според него одредува дали примерокот е доволен за лекување на одредени болести.

CD34+

Матичните клетки на хематопоезата кои се користат во регенерација на коскената срцевина кај болести како што се леукемија или анемија. Многу е важно да се знае бројот на овие клетки затоа што тоа говори за потенцијалната можност примерокот да биде употребен како трансплантат кај хематолошки болести.

ПЛАЦЕНТА

Или постелка е орган кој се создава за време на бременоста и претставува врска помеѓу мајката и бебето. Изобилува со матични клетки кои можат да се соберат покрај матичните клетки од папочна врвка. Папочната врвка е составен дел од постелката.

WHARTON JELLY

Ткивото од папочна врвка кое изобилува со матични клетки кои се користат во регенеративната медицина. Може да се чува како ткиво или во облик на размножени клетки. 

мезенхимални матични клетки

Можат да се трансформираат во било кои клетки во организмот и на тој начин го регенерираат било кое ткиво или орган, тие се основ за регенеративната медицина. Најголем број клинички студии се изведуваат токму со овие клетки.

КЛЕТОЧНА ТЕРАПИЈА

Секоја терапија во која наместо лекови се даваат клетки со цел лекување или регенерација на ткива или органи. Најчесто се даваат матични клетки, но од неодамна се даваат и моноцити, NK клетки и T лимфоцити. Моментално во тек се 7. 000 клинички студии за клеточни терапии што ги прави најистражувано поле во медицината.

СТАНДАРДНА ТЕРАПИЈА

Терапија со матични клетки за хематолошки болести како леукемија, анемија, миеломи и лимфоми.

АЛОГЕНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА

Пресадување органи или клетки на друго лице од давателот. Проверка на можноста за трансплантација се врши преку HLA типизација.

HLA ТИПИЗАЦИЈА

Испитување на совпаѓањето на давателот на матичните клетки со примателот. Постојат 5 пара на HLA гени, вкупно 10 гени од кои потребно е да се совпаѓаат 6 за алогената трансплантација да биде возможна. Браќа и сестри имаат најголемо совпаѓање во HLA типизацијата.

GVHD

Graft versus host disease е болест која настанува како резултат на отфрлање на трансплантатот. Имунолошкиот систем на домаќинот го напаѓа ткивото од пресадениот орган или клетки и ги уништува како страно тело што доведува до потенцијален фатален исход. Матичните клетки од ткивото покажуваат најмал степен на GVHD.

ИНТРАТЕКАЛНО

Примена на матичните клетки директно во цереброспиналната течност, т.е. ликворот. На тој начин матичните клетки одат директно во мозокот и помагаат во регенерацијата на мозокот кај болести како што се аутизам или церебрална парализа.

ИМУНОСУПРЕСИЈА

Процес на давање лекови за отфрлање на трансплантирано ткиво или клетки. Кај алогените трансплантации на клетки или органи телото на примателот природно се бори против клетки кои не се негови. Преку лекови тоа отфрлање се спречува со цел клетките или органот да бидат примени во новиот организам.

NK КЛЕТКИ

Natural killer клетки кои имаат способност да убијат било кој вирус,бактерија или клетки на рак. Крвта од папочна врвка изобилува со NK клетки кои денес се користат во терапии за разни малигнитети.

ЕГЗОЗОМИ

Мали меурчиња кои испуштаат матични клетки и така влијаат на клетките околу себе. Тоа е принципот на имунолошко делување на матичните клетки кога тие влијаат на својата околина без трансформација во одреден вид клетки.

Sign In