Сет за земање примерок
Доколку се одлучите да ги сочувате матичните клетки за своето бебе, прва работа која би требало да ја направите е да нарачате Bio Save сет за земање примерок. Тоа можете да го направите многу лесно: контактирајте не преку телефон или својот сет нарачајте го преку испраќање на e-мејл на: info@biosave.mk
Сетот ќе стигне на Вашата домашна адреса веќе наредниот ден и ќе содржи се што е неопходно за безбедно и лесно земање на единствените матични клетки на Вашето новородено бебе. Секако, Bio Save сетот можете да го превземете и од нашите канцеларии.
Породување
Стигна и тој голем ден. Пред да тргнете во болница, помеѓу другото, немојте да ги заборавите овие две важни работи: да го земете сетот за земање матични клетки, како и да не контактирате на бројот 075/34 34 33. Откако ќе го примиме Вашиот повик ние ќе бидеме спремни при наредниот повик, кога породувањето ќе биде завршено, во што пократок временски рок да дојдеме во породилиштето и го превземеме сетот.
Земање примерок
По раѓањето, лекарот врши собирање на примерокот со крв од папочна врвка. Процесот е целосно безболен, сигурен и едноставен за мајката и детето.
Обработка на примерокот
Веднаш по породувањето во најкраток временски рок ние го превземаме сетот од медицинскиот персонал и со авион го испраќаме во лабораторијата. Тука матичните клетки ќе бидат детално тестирани и припремени за криопрезервација од страна на специјално обучени лекари и лабораториски техничари.
Чување
Матичните клетки на Вашето бебе се замрзнуваат на -196°C. Во нашите криотенкови тие ќе бидат сочувани во наредните 20,30, 40 или 50 години (во зависност од пакетот кој ќе го одберете) во банката за матични клетки која е под константен надзор.
Подарок за цел живот
Кога Вашето дете ќе наполно 18 години, тој/таа ќе стане сопственик на матичните клетки, како и на сигурноста која тие ја нудат. На Вашето дете на овој начин му се нуди можност да се заштити не само себеси, туку и своето идно семејство. И навистина, дали постои подобар подарок од тоа?