Stratipharm

Stratipharm

Генетски тест за персонализирано земање лекови

Секој човек е единствен – како однадвор, така и одвнатре. Индивидуалните разлики имаат големо влијание на делувањето на лековите. Стандардните лекови во вообичаната доза не помагаат на сите и на ист начин.

Несканите дејства, погрешна доза и неефикасноста на лековите се многу честа појава. За поединечни лекови се јауваат дури кај 50% од пациентите.

За нашата единственост и различност заслужни се нашите гени. И токму гените имаат влијание на кој начин и дали нашето тело може да разгради одредени активни супстанци на лековите. Со помош на тесот STRATIPHARM добивате драгоцена информација за своето дете дали и во која доза му одговараат близу 300 лекови.

На тој начин можат:

  • Да се избегнат несакани дејства на лекот
  • Индивидуално да се прилагодат дозите на лекот
  • Минимизираат несаканите дејства на лекот
  • Ефикасност на лековите

Пред некој лек да го оствари саканото дејство, во телото се одвиваат разни процеси. По голтањето на таблетата или капсулата активната супстанца на лекот се ослободува и стигнува во крвта. Преку крвта таа циркулира низ телот и помеѓу останатот стигнува до црниот дроб. Црниот дроб ја превзема важната улога во метаболизирање на активната супстанца. Во црниот дроб лекот се разградува, за на крај повторно да се излачи од телото.

Разни видови на метаболизам

 Воглавно не се знае веднаш, на кој начин и колку брзо некој лек делува кај пациентот. Тоа мора да се провери. Затоа што за поголемиот број состојби скоро секогаш има повеќе опции за терапија. На тој начин воглавно дури по извесно време се утврдува, дали некој лек кај пациентот навистина делувал.

Како телото на пациентот ќе апсорбира одредена активна супстанца, првенствено зависи од ензимите, кои кај секој пациент се индивидуални. Ензимите на црниот дров се главни во обработка на лекот. Тие се важни за ефикасност, но и за несаканите дејства, како и за делувањето во комбинација со други лекови. Од таа причина на еден ист лек двајца луѓе можат да реагираат сосема различно.

Што е тоа STRATIPHARM?

Тестот се изведува со едноставно земање примерок од букална слузокожа (внатрешната страна на образот) преку безболен брис.

На основа на оваа анализа STRATIPHARM го утврдува Вашиот персонализиран генетски профил на приближно 300 лекови. Добивате точен список на лекови кои ја Вас во текот на целиот живот можат да предизвикаат несакани реакции. Со негова помош лекарот може да го одреди одговарачкиот лек и дозата во однос на Вашиот генетски профил.

Испробување лекови и изложување на ризици кои тие го носат со себе стануваат заборав.

Sign In