Што е g810 pro?
Превентивниот скрининг служи во откривање на вродени промени (мутации) кај наследните информации, кои го зголемуваат ризикот за заболувања. Кај повеќето заболувања генетската предизпозиција не значи дека болеста сигурно ќе настапи. Дури зедно со останати фактори како што се исхрана, физичка активност, влијание на надворешната средина итн. доаѓа до настанување на болеста.
Сега се укажуваат сосема нови шанси за заштита на здравјето на Вашето дете.
Доколку предиспозицијата за некоја болест е однапред позната, нејзиното настапување често може да се избегне преку превенција и благовремена терапија.
g810 pro опфаќа испитување на ДНК за следните ризици:
- Оштетување на слух индуцирано од лекови
- Недостаток на AAT
- Интолеранција на лактоза
- Интолеранција на фруктоза
- Интолеранција на глутен
Како настануваат промени кај наследните информации?
Секој хромозом има две копии при што едната потекнува од таткото, другата од мајката. На тој начин, мутации на гените може да се појават на едната или на двете копии на еден хромозом. Обликот/карактеристиките на еден ген на хромозомот се нарекува алел. Во некои случаеви доволно е да е присутен само еден мутиран алел за да се промени функцијата на генот. Меѓутоа, некои пореметувања на нормалните функции настапуваат дури во случај на мутација на двата алела. Од оваа причина здравствено пореметување кај детето може да настапи и тогаш кога двата родители се непогодени од истото.
Bio Save сега Ви нуди превентивен скрининг, кој е особено наменет за деца од 0 до 18 месеци. Имено, со помош на примерок од плунка од Вашето дете се испитуваат генетските предизпозиции на одредени ризици, кои не се вклучени во обичен превентивен скрининг, а кои веќе при растењето на Вашето дете можат да бидат од значење за неговото здравје.
Нашиот програм опфаќа испитување на за оние ризици, кај кои со едноставни превентивни мерки или правовремено лекување може да се реагира и спречи настанок на оштетување.