Ослабнете здраво!

Нов генетски тест за Вашиот организам!

Добивате:

  • Персонализирана диета која во целост му одговата на Вашиот организам
  • Слабејте на најефикасниот можен начин
  • Нема jo-jo ефекти
  • Препораки за вежби преку кои ќе го одржувате своето тело фит

Голем број луѓе имаат проблеми со исхраната затоа што консумираната храна се обработува со различна ефикасност. Преку генетски анализи дознаваме кои се карактеристиките на нашиот метаболизам. Оваа информација не се менува во текот на животот и резултатите од ова тестирање важат цел живот.

Процедурата е целосно неинвазивна и едноставна, затоа што како примерок за генетски материјал се користи брис од букална слузокожа. 

Постојат четири видови на генетски метаболизам (Мета типови): 

  • Alfa(α)
  • Beta (αβ)
  • Gama(ɣ)
  • Delta(δ)

Оваа поделба е заснована токму на разликите во ефикасноста на метаболизмот на хранливи материи. Конкретно, резултатите од тестот ќе Ви помогнат да одберете исхрана богата со јаглени хидрати, протеини или масти за кои Вашиот метаболизам е прилагоден и да го намалите внесот на оние макронутриенти за чија обработка Вашиот метаболизам не е доволно ефикасен.

Секој од Мета типовите има две варијанти за вежби. Варијанта за издржливост (E) се карактеризира со висока потрошувачка на калории при активности за издржливост како трчање, пливање и возење велосипед, додека варијантата брзина (S) покажува поголема потрошувачка на калории при спортски активности со брзина, како што се Body Pump, аеробик и тренинг за сила. Резултатите од CoGAP ќе опфатат и препорака за видот на вежби во согласност со генетиката.