Со договор одредениот надоместок е фиксен. Условите од договорот Ви гарантираат дека во тек на договорениот период на складирање нема да имате никакви дополнителни трошоци. Финансиската сигурност е многу важна за Вас и Вашето дете кај долгорочното складирање папочна крв.
детално објаснување
Производи, услуги и цени
без дополнителни трошоци на годишно ниво
Стручни консултации со нашите медицински стручњаци
Експерти од областа на медицината стручно ќе Ве посоветуваат и ќе Ви пружат поддршка во сите медицински прашања поврзани со темата матични клетки од папочна крв.
Детална медицинска историја и проценка од нашите лекари
Внимателното собирање податоци и проценка на медицинската историја на Вашето семејство, се прават поради сигурност на Вашето дете во случај на тераписка примена на папочната крв. Врз основа на формуларот за медицинска историја и резултатите од крвта на мајката пред породувањето нашите лекари проценуваат дали од медицинска гледна точка може да биде извршено земање на папочна крв и дали подоцна таа крв може да биде применета во тераписки цели.
обука на персоналот во породилиштето од страна на нашите соработници
Стручен тим од наши соработници води сметка за тоа дали Вашето породилиште ги исполнува сите предуслови пропишани со закон, кои се неопхони за земање на папочна крв. Поради тоа ние вршиме обука на акушери и лекари во породилиштата.
специјално дизајнирамн транспортен пакет со сет за земање на крв
Сигурносното пакување кое содржи гел, чија улога е да ја стабилизира температурата, изолациска кутија од стиропор и чип за мерење температура, која се бележи непрекинато, го дизајнираа нашите стручњаци, за да обезбедан најдобар можен квалитет на транспортот на крвта. Пакетот содржи сет за земање крв, специјално дизајниран за безбедно земање папочна крв кај нормално породување и царски рез, и кутија со прибор за дезинфекција.
бесплатно земање папочна крв во породилиштето
Земањето на папочната крв го врши обучен персонал. Трошоците за земањето на папочна крв се вкалкулирани во цената.
транспорт на крвта преку специјализирани транспортни служби до лабораторијата
Нашата инфо линија Ви е на располагање 365 дена годишно 24 часа. Можете да бидете сигурни дека транспортот на крвта до нашите лаборатории дури и за викенди и празници ќе биде извршен во предвидениот рок.
обработка на крвта во стерилни услови (GMP стандард)
Припремата на папочната крв се врши во нашата лабораторија. Се работи за безбедна лабораторија во согласност со GMP стандардот (GMP: Good Manufacturing Practice - највисокиот медицински стандард за производители на медицински средства). Обработката на крвта се врши во специјално заштитетни стерилни простории, каде непрекинато се врши надзор, а пристапот до тие простории е строго ограничен.
компјутерско управување со криопрезервацијата во ќесите за замрзнување
Матичните клетки се складираат во специјално дизајнирана ќеса, која е отпорна на кршење. Во случај да е собрана поголема количина на крв, таа без дополнителни трошоци ќе биде поделена и складирана во две одвоени ќеси. Трајното складирање се врши во текнови за замрзнување на температура од -196°C.
испитување на квалитетот на крвта од папочна врвка и крвта на мајката во согласност со законските одредби
Папочната крв мора да биде внимателно испитана во согласност со пропишаните параметри за квалитет. Дури тогаш таа може да биде употребена во случај на болест. Тестирањето трае неколку недели и ги опфаќа следните релевантни чекори.
Кај папочната крв: број на плуритотентни клетки (CD34+, CD45-), виталност и морфологија на матичните клетки, контрола на стерилност, инфекциски маркери (HIV 1-RNK, hepatitis C-RNK, parvovirus B19-DNK, virus citomegalia-DNK). Ако е неопходно, како на пример во случај на позитивна контрола на стерилност, спроведуваме дополнителни тестирања бесплатно.
Кај крвта од мајката: HIV 1/2 - антитела/p24-антиген, TP-антитела, hepatitis Bs-антиген, hepatitis Bc-антитела, Hepatitis C-антитела. Ако е неопходно спроведуваме тестирање и за други параметри бесплатно.
доставување и интерпретација на резултати / сертификат
Ние Ви ги соопштуваме резултатите од испитувањето на папочната крв и крвта на мајката. Во случај да имате прашања можете телефонски да се обратите до нашиот стручен соработник.
поддршка во лекување од страна на BIO SAVE фондацијата
Bio Save Фондацијата е регистрирана како Фондација за помош при лекување со матични клетки и како таква е специјализирана за помош не само на клиентите на Bio Save туку за сите деца на кои им е потребна помош, без разлика во која банка се зачувани матичните клетки.
дополнителни услуги - 200 EUR подарок попуст за верност
Доколку се одлучите за складирање матични клетки во Bio Save и за следното дете, ќе добиете попуст од 200 EUR. Овој попуст не може да се комбинира и собира со други попусти или посеби погодности во случај на близначно породување.
дополнителни услуги - доживотна гаранција за цена кај следното складирање папочна крв
Доколку било кога во животот се одлучите за складирање на папочна крв за второ дете под исти договорни услуги, ние Ви гарантираме иста цена како и кај првото складирање, без разлика на евентуални корекции на цената кои се случиле во меѓувреме.
дополнителни услуги - посебни услови кај близначна бременост
Во случај на близначно породување Ви нудиме посебни погодности. За првото дете цела со договор одредена сума во зависност од периодот на складирање, додоека за второто плаќате 50% од сумата за одредениот број години.