Наскоро ќе биде овозможена примена на нови технологии во клиничка пракса, со која најголемата препрека: недоволен број матични клетки, ќе се надмине.  

Нова технологија на размножување матични клетки пред нивната примерна во терапии, наречена Omidubicel на компанијата Gamida Cell (GC) влезе во последната фаза на клинички испитувања и наскоро би можека да најде примена во клиничката пракса.

Матичнит клетки од коскена срцевина кои го минале третманот на размножување, збогатени со клетки на имуниот систем го чинат производот Omidubicel кој се користи во трансплантација на коскена срцевина. Технологијата на размножување која се применува базирана е на мала молекула никотинамид (NAM) која го стимулира растот и подобра функционалност на донорските клетки. Оваа техника изолира CD133 + клетки од крвта од папочна врвка и ги култивира 3 недели со молекулата никотинамид и други фактори за раст. Докажано е дека молекулата никотинамид, облик на витаминот Б-3, блокира диференцијација (претворање на матичните клетки во посакувани), а ја стимулира матичната клетки да се размножува. 

Патот до ова достигнување почна пред повеќе од една деценија

Од 2007. година компанијата GC спроведе десетина клинички испитувања за своите два производи, Omidubicel за хематолошки малигнитети и производот CordInTM за хемоглобинопатии. Ова компанија во мај 2020. година ја заврши третата фаза на клинички испитувања, што значеше, до сега најголемо истражување на трансплантација на крв од папочна врвка со технологија на размножување. Ова клинички испитување вклучи 125 пациенти од повеќе од 50 болници ширум светот, со разни ризични хематолошки малигни болести.

Резултати од клинички испитувања

Резултатите од клиничките истражувања покажуваат дека до енграфмент (вградување) доаѓа веќе по 12 дена, што е за околу 10 дена пократко отколку кај транплантација на хематопоетски клетки кои не се третирани на овој начин. Исто така, резултатите покажуваат и значително побрзо опоравување на имуниот систем во однос на другите видови на трансплантации на коскена срцевина. Овие резултати се од големо значење за пациентите, затоа што критичниот период по траснплантацијата и повторното воспоставување на имуниот систем значително се намалува.

Најважно е дека технологијата на размножување клетки пред трансплантација на крв од папочна врвка стана реалност и дека на тој начин е надминат еден од главните лимитирачки фактори за терапии со матични клетки.

За разлика од технологиите на останатите компании кои користеа двојни количини крв од папочна врвка, најголемата предност на Omidubicel е во тоа што резултатите се постигнати преку користење на само една единица крв од папочна врвка. 

Што претставува успешност на терапиите со збогатена крв од папочна врвка за клиничката пракса во онкологијата? 

Во областа трансплантација на матични клетки, разни аспекти се важни за онколозите во однос на компаниите за здравствено осигурување. Онколозите имаат за цел да обезбедат долгорочно преживување на своите пациенти.

Ова се почетоци на современа генерација на трансплантации кои ќе овозможат примената на терпаиите со матични клетки да се прошири на поголем број заболувања. Се надевме дека токму оваа технологија, ќе стане рутинска опција за пациенти на кои им е потребна трансплантација со матични клетки.

Земајќи ги во предвид факторите како што се: општо преживување, преживување без прогресија и смртност без релапс, крвта од папочна врвка често е најдобрата опција за трансплантација или подеднакво добар избор како и другите опции.

Поради доверба...

Поради доверба, компаниите за здравствено осигурување првенствено се фокусирани на трошоците за трансплантација на матични клетки. Извештајот на корпорацијата RAND процени дека во текот на 2014. просечните болнички такси за трансплантација на матични клетки од несроден донор (и престој во болницата) биле 485.000 долари (38 дена) за коскена срцевина, 571.000 долари (34 дена) за матични клетки од периферна крв и 831.000 USD (51 ден) за крв од папочна врвка.

Фактор кој во најголема мерка допринесе за повисоката цена на трансплантација на крв од папочна врвка е продолженото време за вградување (engraftment), што побарува пациентот да мине повеќе дена на интензивна нега.

Исто така, тука никако не треба да се заборави и можноста за појави на компликации поради инфекции. Токму компанијата Gamida Cell со својата иновативна технологија ја направи транплантацијата на крв од папочна врвка поефтина. 

Производот Omidubicel би можел да биде решение за голем број пациенти (околи 40% во САД) кои ги исполнуваат условите за трансплантација на матични клетки но немаат обговарачки донор.