Кај четири од шест парализирани пациенти се покажа значајно подобрување на состојбата една година по третманите со матични клетки – кај овие пациенти во 'рбетниот мозок беа трансплантирани 10 милиони матични клетки.
Според резултатите од истражувањето објавено во понеделник, 2. октомври 2017. подобрувањето на состојбата вклучуваше зголемена способност за движење на дланката и раката, како и извршување на основните функции како самостојно хранење и бањање.
Сите шест пациенти по трансплантацијата со матични клетки во раната фаза на клиничкото испитување, кое го спроведе Fremont's Asterias Biotherapeutics, известија за барем неколку процентно закрепнување. Ова истражување е меѓу првите кои користеле ембрионални матични клетки кај луѓе.
Сеуште е прерано за тврдење дека исклучиво матични клетки се заслужни за подобрувањето на состојбата кај пациентите. Можно е кај болните лица да дошло до спонтано закрепнување, што не е невообичаено кај жртви на повреди на 'рбетен мозок, или пак нивното подобрување на состојбата може да биде резултат на интензивна рехабилитација.
Меѓутоа, во споредба со голема група луѓе со слични повреди, резултатите кај пациентите лекувани со матични клетки беа извонредни, тврдат лекарите и научниците вклучени во истражувањето.
Во оваа студија трансплантирани се 10 милиони клетки, што беше доволно да се постигне тераписки ефект. Во уште една студија која сеуште е во тек се вршат трансплантации со 20 милиони клетки. Кај сите болни лица лекувањето е започнато во рок од еден месец или два месеци од настанувањето на повредата, што се смета за оптимално време за постигнување добри резултати.
Според резултатите објавени на почетокот на октомври, кај 67 проценти од пациентите - односно кај четири од шест пациенти - во студијата во која се користени 10 милиони клетки нивото на моторика се подобри за најмалку за два степени по 12 месеци од лекувањето. Во контролните групи кои се сочинети од пациенти со исти повреди, до подобрување на моториката за две нивоа дојде кај 26 до 29 проценти од пациентите.
Извор: http://bit.ly/2hw9UJ9