Мене матичните клетки ми помогнаа

Мене матичните клетки ми помогнаа

Приказни од целиот свет

Приказни од целиот свет за искуствата на луѓе на кои матични клетки им помогнаа во борбата со разни болести:

АУТИЗАМ

Gracy Gregory - Ги искористи своите матични клетки сочувани во приватна банка

Родителите на малата Grejsi одлучија по породување да ги сочуваат матичните клетки на своето бебе во приватна банка. Тогаш не ни претпоставуваа дека некгаш ќе им притребаат. На жалост, уште додека беше бебе, забележаа некои чудни симптоми, по што по вториот роденден беше дијагностициран аутизам. Сепак, од никаде, следеше повик од нивната банка за матични клетки со понуда Gracy да учествува во програма на познатиот Duke универзите кој користи матични клетки за лекување на аутизам.

Дознајте како трансплантацијата со матични клетки влијаеше на Gracy тука.

ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА

Luke Fryer - Ги искористи своите матични клетки сочувани во приватна банка

Кај Lukе во раниот раст е дијагностицирана церебрална парализа. Благодарение на приватната банка за матични клетки во која неговите родители на породувањето ги сочуваа матичните клетки, Luke е вклучен во клиничко испитување кое имаше за цел да го испита влијанието на матичните клетки врз заболени од церебрална парализа. Luke напредуваше постепено но константно. Денес, Lukе оди, трча и живее детство како и своите врсници.

Прочитајте повеќе за Luke и искуствата на неговото семејство тука.

ХОЧКИНГ ЛИМФОМ

Diane Paradise - Искористи матични клетки од јавна банка за матични клетки

Кај Дајана во 24. година од животот е дијагностицирана Хочингова болест (NLPHD). Започна со израсток под пазувите. По 5 месеци се појави и втор израсток. Лекарите веднаш ги превземаа сите чекори за лекување на канцер но тој повторно се враќаше. По 5. пати, Дајана одлучи да проба нешто друго. Се пријави за клиничко испитување за лекување со матични клетки. Тоа беше избор кој ќе го запамти.

Прочитајте повеќе за борбата на Дајана тука.

ХУРЛЕРОВ СИНДРОМ (MPS TYPE 1)

Lyla Edgington - Искористи матични клетки од јавна банка за матични клетки

Со само 7 месеци, на Лејла и е дијагностицирана тешка генетска болест позната како Хурлеров синдром. Како најдобра шанса за закрепнување на Лејла докторите препорачаа примена на матични клетки. Неколку месеци подоцна, кај Лејла е направена трансплантација со матични клетки. Денес нејзините родители со гордост можат да кажат дека Лејла добро се развива. 

Дознајте повеќе за Лејла тука.

ХИДРОЦЕФАЛУС

Grace Mathews - Ги искористи своите матични клетки сочувани во приватна банка

Грејс имаше среќа. Родителите и ги зачуваа матичните клетки при раѓањето. Дијагностициран и е хидроцефалус, тешко заболување опасно по живот кое се  манифестира со собирање течност во мозокот и негово отекување. Иновативен тим доктори од Duke Универзитетот предводен од Џоана Курцберг изведе процедура за лекување со матични клетки, …

Запознајте ја Грејс и погледнете како мина процедурата за лекување тука.

ЛЕУКЕМИЈА

Deb Martell - Искористи матични клетки од јавна банка за матични клетки

Канцерот не прави разлика. Може да се појави кај било кого, било кога. Така Деби, мајка на четири деца со 36 години дозна дека има рак на дојка. Нејзината борба траеше долго но победи. Сепак, 9 години подоцна дијагностицирана и е напредна леукемија. Матичните клетки и го спасија животот.

Дознајте повеќе за Деби тука.

Sign In