Терапијата со матични клетки веќе на големо се користи во траснплтантација на коскена срцевина.
Научниците исто така активно ја истражуваат потенцијалната употреба на тие сестрани клетки во терапија на болести и повреди, во широк спектар, од повреда на 'рбет до Алцхајмерова болест. Лекарите на универзитетот на државата Мериленд неодамна употребија матични клетки на нов и смел начин, вбризгувајќи ги директно во оштетено срце на четиримесечно бебе.
Hoze Salinas Salgado се припрема за втората хируршка интервенција во својот краток живот. Четиримесечното бебе е родено со срцева маана поради која десната комора на неговоро срце е премногу мала или недостасува целосно. Хируршкиот зафат е направен така да го пренасочи протокот на крв околу оштетувањето, но во текот на операцијата неговите лекари пробаа нешто сосема радикално.
„Ја прикачивме неговата вена од горниот дел на телото директно на пулмоналната артерија, но во текот на таа операција, пред самиот крај, ги вбризгавме матичните клетки директно во десната срцева комора за да ја зајакнеме или регенерираме таа десна комора”, објасни Санџеј Каушал од Универзитетот Мериленд за Глас на Америка.
Hoze е едно од скоро 1.000 бебиња родени со хипопластично лево срце секоја година. Тоа е најкомплексната вродена срцева маана. Причината поради која ја пробаа терапијата со матични клетки е тоа што операцијата, дури и успешна, е само краткотрајно решение.
„Се трудиме тоа да го спречиме, се трудиме да го подобриме исходот и да востановиме дали можеме да спроведеме матични клетки во десната срцева комора за да ја засилиме или регенерираме и да ја направиме посилна, за пациентите да би можеле да живеат подолг, посреќен живот”, истакна Каушал.
Шеесет и пет проценти од бебињата родени со таа маана живеат подолго од пет години, а 30 бебиња како што е Hoze, кои добија матични клетки, се дел од студијата која испитува дали матичните клетки го зајакнуваат срцето.
„Тоа е едно од првите истажувања во Соеднинетите Американски Држави во кои се користат матични клетки за регенерација или зајакнување на десната срцева комора”,наведе Каушал.
Ќе бидат потребни неколку години за да се утврди дали терапијата е делотворна, но ако тоа се случи – би можело да отвори врати и за други видови терапии со матични клетки во педјатријата.
Извор: http://www.politika.rs