За предвремено породување се смета секое породување кое се случува пред навршена 37. недела од бременоста. Светските податоци говорат дека такви породувања се вкупно 11,1% од породувањата, што би значело дека во Македонија годишно предвремено се раѓаат 2.000 бебиња. Таквите породувања носат зголемен ризик за плодот поради недоволно развиените ткива и органи и во 17% од случаевите постои некој вид на оштетување на мозокот. На жалост, логопедите и развојните невролози глеаат се повеќе деца со некое оштетување на мозокот затоа што секоја година на таа група на пациенти им се придружуваат 300 бебиња.

Најголем дел од терапиите се сведуваат на логопедски, физијатриски и психолошки третмани за да се подобри развојот на детето и покрај невролошкиот дефицит. Некои деца сепак развиваат церебрална парализа како последица на оштетувањата при породувањето.

До сега единствен третман кој доведува до значајни подобрувања кај децата со хипоксично-исхемична енцефалопатија (оштетување на мозокот при породување поради недостаток на кислород) се матичните клетки.

Најдобрите резултати се постигнати со давање на крв од папочна врвква, но постои и можност интратекално давање (директно во цереброспинална течност) на мезенхимални матични клетки од ткивото од папочната врвка. Терапијата е сигурна и едноставна и не предизвикува изразени несакани дејства.

Најдобри ефекти се постигнуваат ако терпијата се спроведе во првите 2 години од животот, но постојат примери на терпаии и кај возрасни лица од 20 години. Famicord веќе 3 години спроведува студии за успешноста за лекување со матични клетки кај хипоксично-исхемична енцефелопатија со голем успех.

Децата кои примија сопствени примероци со матични клетки оставени на породувањето покажуваат значаен напредок како во моторна смисла така и во психолошкиот развој во период на следење од 12 месеци.