Во текот на последните две децении Џоан Курцберг (Joanne Kurtzberg) која работи на Duke Универзитетот, Северна Каролина, САД, го води меѓународно познатиот детски програм за транплантација на матични клетки кај деца кои имаат рак, порметувања на крвта и наследни метаболички болести.
Успеавме да покажеме дека трансплатација со крв од папочна врвка спасува живот, како и дека ја подобрува невролошката состојба на децата со некое од овие заболувања - вели таа.
А како се' започна?
Пред 34 години кога родив син, го прашав својот гинеколог, зошто по породувањето ја фрлија крвта од папочна врвка во ѓубре.
Уште тогаш верував дека може ефикасно да се искористи и мислев дека треба да се сочуа, но гинекологот ми одговори: “Остави го тоа, тоа е научна фантастика” – вели др Џоан Курцберг.
На жалост, дури и денес ширум светот сеуште постојат гинеколози кои не вефруваат во лекувања со матични клетки, едноставно поради незнаење.
А гинекологот е единствениот лекар кој ја следи жената во текот на бременоста и ако тој не ја препорача таа можност и не ја охрабри за да ја избере оваа услуга, зошто таа би вложила пари во нешто што може да изгледа како луксуз? – вели др Курцберг.
Дали Вашиот сон од детството беше лекување со матични клетки?
Апсолутно не! Пораснав во Њу Јорк, како и сите тогашни девојки свирев клавир и се запишав на музичка академија на приватен факултет. Никогаш не размислував за медицина.
Меѓутоа, за да заработам пари за школување, работев си аутистични деца и забележав дека само ритам и тонови ги враќаат во стварноста. Овој драстичен премин од изолација во реалност ме фасцинираше и одлучив да дознаам повеќе за аутизмот, за да можам да пронајдам и некои други видови помош за нив.
Првата трансплантација со матични клетки
Изучувањето на аутизмот ја доведе Џоан до медицинска школа а потоа се започна едно по друго.
Се специјализираше за педијатрија, заврши суб-специјализација за педијатриска хемато-онкологија и почна да проучува релативно ново поле - лекување со матични клетки. Во годината 1988. учествувапе во првата трансплантација со крв од папочна врвка.
Јас всушност не правев ништо во текот на трансплантацијата, бев само присутна затоа што го доведов пациентот. Лекував момче кое е родено со со Франконијева анемија, тешко наследни заболување, кое ја оштетува коскената срцевина. Го следев скоро секојдневно од денот на раѓањетото до неговата петта година.
Кога веќе немав што друго да понудам од можности за лекување, морав да ги известам неговите родители дека без пресадување матични клетки од папочна врвка, нема да живее подолго од шест месеци. Тие присуствуваа на трансплантацијата, прва од таков вид, затоа што сакаа да знаат дека направиле се', за да го спасат неговиот живот.
Петгодишното момче Метју Фероу прво беше подложен на хемотерапија а тоа е направена трансплантација со матични клетки кој ги доби од својата сестра која се роди истата година. Метју денес е здрав млад човек кој води нормален живот и се бави со едукација на брачни парови за значењето од чување матични клетки – вели со гордос проф. др Џоан Курцберг.