Дијабетес тип 1 е многу тешко заболување кое се јавува веќе при растењето на детето, а го предизвикува неможноста на панкреасот да лачи инсулин. Имуниот систем на пациентот напаѓа делови од панкреасот кои се одговорни за лачење на инсулин (Бета клетки на Лагерхансови островчиња) и ги уништува, што доведува до недостаток на инсулин и појава на дијабетес. Причината сеуште е позната.

Матичните клетки можат да помогнат во многу имунолошки болести делувајќи инхибиторно на имуниот систем и спречувајќи настанување на оштетувања кои имуниот систем  може да ги направи во организмот кога ќе дојде до негово неправилно функционирање.

Famicord заедно со болниците во Шведста и Полса спроведува студија за лекување дијабетес тип 1 со матични клетки од папочна врвка. До сега се лекувани 22 пациенти и кај најголемиот дел дојде до воспоставување на повтпрно лачење инсулин и намалување на зголемениот шеќер во крвта што е главна карактеристика на дијабетесот. Матични клетки со своето имунолошко делување го намалуваат воспалението на ткивата на панкреасот кое го предизвикува имуниот систем на пациентот и така му овозможуваат на панкреасот да лачи инсулин. Студијата и понатаму е во тек и пациентите можат да се пријават.