Поради церебралната парализа Раде Шијак (11) iz Ковиљ немаше детство како неговите врсници, но неговите први самостојни чекори се доказ дека чудата, сепак, се можни.
Раде по прв пат, помалку несигурно, застана на своите нози минатата година, по првата терапија со матични клетки во Киев, а овој септември, кога тргна во петто одделение во редовно училиште, прв пат во училницата влезе на своите нозе, полн со гордост, среќен што сите другари го гледаат, пишува Novosti.
Мајката Андре вели дека Раде е роден како здраво бебе. Тринаесет дена по раѓањето доживеа клиничка смрт, никој не знае зошто. Во втората година лекарите му поставија дијагноза: церебрална парализа, а во седмата и – “епилепсија”.
Се до заминувањето во Украина Раде единствено можеше да лази како бебе, а ако успееше и да се исправи, веднаш губеше рамнотежа и паѓаше – вели мајката на момчето Андреа. – Ако го земевме за раце и пробавме да шетаме како што можат бебињата кои проодуваат, тој буквално висеше на нашите раце. Среќа, Раде е целосно ментално здраво, многу бистро момче. Од прво одделение оди во редовна школа и е одличен ученик.
На Детската клинка во Нови Сад, каде што Раде се лекуваше, лекарите не изнесуваа прогнози. Андреа вели дека воглавно советуваа да се почека, да се види како ќе биде со растењето. Но, кај Раде ништо не се менувапше, особено не на подобро и ни Андреа, ни неговиот татко Петар, не сакаа повеќе да губат време.
Мислам дека на интернет прочитав презентации на сите клиники, се информирав за сите можни методи, и решив да одам таму каде не прочитав дека некој од Србија бил, во Киев – вели Андреа. – Не се плашев, некако некаде чувствував дека се' ќе биде добро. Но, кога Раде по трансплантацијата со матични ембрионални клетки не стоеше на нозе, бев разочарана. Подоцна сфатив дека беше апсолутно смешно да очекувам дека “за момент” нешто може да се измени. Првите чекори Раде ги направи еден месец по трансплантацијата и кога тоа го видов буквално бев во шок.
Со напредокот во лекувањето не беа задоволни само лекарите од Киев, туку и лекарите во Нови Сад кои до тогаш го лекувааа Раде. Најстрашно од се', пострашно и од помислата дека Раде по процедурата, можеби, може да биде и полошо, иако воопшто не си дозволував да размислувам така, беше што морам да молам, буквално “да просам” за лекување на своето дете, но за среќа зад нас застана Фондацијата и 10.000 евра за самата трансплантација, и уште 2.000 за трошоци за пат беа собрани многу брзо– вели Андреа.
Веднаш по увидот во медицинската документација, која во Киев стигна пред Раде, лекарите од тамошната клиника рекоа дека момчето е кандидат за трансплантација на матични клетки, но дека процедурата мора да се повтори три, четири пати.
– Напредокот по првата трансплантација ни беше мотив да отидеме повторно, и на Раде летово, во јули, повторно му беа пресадени матични клетки – вели Андреа. – Потоа неговиот чекор стана многу посигурен, кога се вративме од Украина почна да вози велосипед.
"Немаме потврда дека е излекуван од епилепсија, но епилептичен напат нема добиено подолго од една година, ниту еден од почетокот на терапиите со матични клетки."
Секој ден кај својот син ги гледам резултатите од ваквото лекување и ќе одиме повторно. Се додека тоа му помага на моето дете, заклучи мајката на Раде, Андреа.
Редовно вежба: Раде сега оди без ничија помош, само што, неговите родители мислат повеќе поради страв дека ќе падне, се придржува за ѕид, маса или за прст на мајката или таткото.
Пред заминување во петто одделение, затоа што беше исклучително решен сам да оди во училиште, вежбавме така што тој одеше низ сите простории во куќата и беше неуморен. Тој, инаку, има нмногу енергија, редовно вежба, а кога го мрзи да прави вежби извозува една добра тура со велосипед и сега е целиот среќен што тоа може да го прави.
Извор: Večernje novosti
Поврзани текстови: http://bit.ly/2fOYIWP, http://bit.ly/2ggoeoF