Famicord, како една од првите банки за матични клетки од папочна врвка во светот, воведе дополнителни мерки на претпазливост по повод пандемијата со Корона вирусот.
Во согласност со највисоките стандарди на AABB сертификатот за чување матични клетки од сега матичните клетки на сите клиенти на Famicord и Bio Save ќе минуваат низ додатни анализи за да се потврди дека матичните клетки не се заразени со опасниот вирус.
Безбедна процедура
Сите примероци со матични клетки ќе се чуваат во посебни одвоени тенкови во карантин се додека не се докаже дека родилката нема знаци за инфекција.
Bio Save лекарите се на располагање за сите трудници кои размислуваат за чување матични клетки, а имаат сомнеж дека Корона вирусот би можел да претставува опасност по нејзиното здравје и здравјето на плодот.
Матичните клетки успешни во борбата против вирусот
Матичните клетки се истражуваат во терпија за бројни заболувања предизвикани од вируси, првите податоци говорат дека можат да помогнат и кај инфекции со Корона вирусот, а веќе постојат случаи на пациенти кои се излекувани од инфекција со ХИВ вирусот преку примена на матични клетки.
Матичните клетки од папочна врвка се единствено богатство кое може да се собере само на породувањето и може да помогне во лекување на бројни болести и така да им го спаси животот на многу заболени.