„Клеточни терапии – интердисциплинарен пристап” е прва конференција во Источна Европа посветена исклучиво на терапии со матични клетки.
Симпозиумот е одржан на 6. октомври во Варшава, а организатор на конференцијата беше FamiCord Group - најголемата банка за крв од папочна врвка со најголемо искуство во Европа, која на овој начин одбележа 20 години од своето основање.
Претставници од Bio Save Групата (Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина) и Bio Save Фондацијата, покрај уште преку 150 учесници од 11 земји ширум светот, присуствуваа на симпозиумот и имаа прилика на лице место да ги чујат новитетите во тераписките пристапи со матични клетки од разни гранки на медицината (хематологија, онкологија, педијатрија, интерна медицина, дерматологија, неурологија, урологија и гинекологија), да се едуцираат и да ги разменат своите искуства со предавачите и авторите. Ден по конференцијата, претставниците на Bio Save Група и Bio Save Фондација ги посетија FamiCord лабораториите и ја следеа работата на процесите за прием, обработка, контрола на квалитетот и криопрезервацијата на матични клетки од крв од папочна врвка.