На 07.06.2023 (среда) во 17:30 часот Био Сејв во соработка со прва приватна болница Ре-Медика ќе одржи предавање во рамки на програмата Безгрижна бременост.
Темата на предавањето е "Царски рез и анезтезија". Во рамки на предавањето ќе бидат опфатени најважните аспекти од породувањето со царски рез како и анестезиолошкиот дел кој е комплементарен дел од процедурата.
Предавач ќе биде Д-р Корнелија Сефанова, анестезиолог. Низ интерактивна сесија ќе се обидеме да Ви ги презентираме најважните аспекти на породувањето со царски рез и да одговориме на Вашите прашања.