Bio Save фондација на конференција

Bio Save фондација на конференција "Клеточни терапии - интердисциплинарен пристап"

20 години FamiCord Група

„Клеточни терапии – интердисциплинарен пристап” е прва конференција во Источна Европа посветена исклучиво на терапии со матични клетки.

Симпозиумот е одржан на 6. октомври во Варшава, а организатор на конференцијата беше FamiCord Group - најголемата банка за крв од папочна врвка со најголемо искуство во Европа, која на овој начин одбележа 20 години од своето основање. 

Претставници од Bio Save Групата (Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина) и Bio Save Фондацијата, покрај уште преку 150 учесници од 11 земји ширум светот, присуствуваа на симпозиумот и имаа прилика на лице место да ги чујат новитетите во тераписките пристапи со матични клетки од разни гранки на медицината (хематологија, онкологија, педијатрија, интерна медицина, дерматологија, неурологија, урологија и гинекологија), да се едуцираат и да ги разменат своите искуства со предавачите и авторите. Ден по конференцијата, претставниците на Bio Save Група и Bio Save Фондација ги посетија FamiCord лабораториите и ја следеа работата на процесите за прием, обработка, контрола на квалитетот и криопрезервацијата на матични клетки од крв од папочна врвка.

Bio Save, дел од FamiCord Групата

Научниот програм од конференцијата ги опфати генските терапии, клеточните терапии и производи од биоинженеринг наменети за репарација или регенерација на ткива, клетки, гени и метаболички процеси во организмот, а прикажани беа и фасцинантни резултати по терапии со матични клетки и тоа кај хематолошко-онколошки болести (леукемија, лимфоми), автоимуни болести како Кронова болест и васкулитис, функционални пореметувања на срце по инфаркт, потоа кај проблематики поврзани со зараснување на хронични рани и ретки генски болести на кожата - Epidermolysis bullosa, церебрална парализа и аутизам, па дури и во случаеви на уринарни инконтиненции.Шефот на научниот одбор на конференцијата Krzysztof Kałwak, началник на Клиниката за трансплантација на коскена срцевина, онкологија и педијатриска хематологија во Вроцлав „'Рт на надежта”, една од најголемите детски клиники за трансплантација во Европа, ја отвори конференцијата и ги запозна присутните со стручњаци/предавачи од најразлични области во медицината, меѓу кои се најдоа и: prof.dr Dominique Farge (Bolnica St-Louis, Франција) специјалист/ истражувач во терапии со матични клетки кај автоимуни болести, Prof.dr Robert Wynn (Одделение за трансплантација на крв и коскена срцевина во Кралската детска болница во Манчестер), Prof. Martin Bornhäuser (Центар за регенеративна медицина во Дрезден), Dr Frances Verter (Parents Guide to Cord Blood, USA) и многу други. Конференцијата за затвори Prof.Dr Joanne Kurtzberg (Претседател на Здружението за крв од папочна врвка, професор на Универзитетот Дјук во Соединетите Американски Држави).

Prof.Dr Joanne Kurtzberg (Претседател на здружение за крв од папочна врвка, професор на Универзитетот Дјук во Соединетите Американски Држави).

Лабораториите и Банките за крв од папочна врвка од FamiCord Group работат во Европа од 2002. година. Групирани се во мрежа од 2006. година од страна на Полската банка за матични кетли. Од тогаш, FamiCord Group се развива на меѓународно ниво и стана најголемата банка за крв од папочна врвка во Европа и трета најголема банка за крв од папочна врвка во свeтот. Од неодамна, FamiCord го осовремени својот тераписки пристаоп за најтешко заболените пациенти и разви модерна анто-туморска терапија која користи модифицирани лимфоцити од крвта од папочната врвка – CAR-T терапија (FamiCordTx).

Sign In