Уникатен подарок од природата: Матични клетки од папочна крв

Фактот дека Вашето бебе расте во стомакот и ги развива сите неопходни телесни функции, во голема мерка зависи од матичните клетки. Дури и по раѓањето матичните клетки му помагаат на Вашето дете да ги победи болестите и повредите

Младите матични клетки обезбедуваат брзо лекување
Сте забележале дека гребнатина или скршена коска многу побрзо зараснува кај децата, отколку кај возрасните. Тоа е така затоа што матичните клетки се млади и витални. Со текот на годините тие ја губат виталноста и способноста да се регенерираат на таков брз начин.

Највиталните матични клетки се наоѓаат во папочната крв
Низ крвотокот на новородените бебиња циркулираат милиони млади, здрави матични клетки.
По пресекот на папочната врвка, остатокот на крв кој е богат со матични клетки останува во плацентата и папочната врвка. Овој скапоцен подарок на природата може без никаков ризик да се извади и трајно да се сочува.

Благодарение на чувањето на матичните клетки на температура од близу -200 C, метаболичките процеси во матичните клетки се речиси целосно запрени и поради тоа тие се онака млади и витални многу години подоцна, како што биле во моментот на раѓањето, и во случај да има потреба стојат на располагање на Вашето дете.

Матични клетки од папочна крв како здравствена превентива

  • Матичните клетки од папочна крв се ефикасни
  • Кога ќе се замрзнат остануваат млади и витални
  • Конзервираните матични клетки од папочна крв Ви се веднаш на располагање во случај на потреба
  • Предклинички истражувања подржани од страна на Vita 34

    • Срцев напад: Циркулацијата и силата на пумпање на срцевиот мускул се подобруваат преку инфузија со матични клетки од папочна крв
    • Мозочен удар:Резултатите од предклиничките студии покажаа дека парализата и попреченоста при движење по мозочен удар можат да бидат намалени преку инфузија со папочна крв
    • Срцеви мани:При корекциите на срцеви мани употребата на папочна крв покажа позитивни ефекти
    • Вродени мани на срцеви залистоци:Од матичните клетки од папочна крв можно е преку експерименталните терапии да се произведат биолошки активни срцеви залистоци.

    • Пребарување



    • Facebook

      Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress