БЕЗГРИЖНА БРЕМЕНОСТ

БЕЗГРИЖНА БРЕМЕНОСТ

Школа за едукација на трудници

На 31.10.2023 (вторник) во 17:30 часот Био Сејв во соработка со прва приватна болница Ре-Медика ќе одржи предавање во рамки на програмата Безгрижна бременост.

Темата на предавањето е "Водење на бременост. Тоа претставува тема која е од голем интерес за идните родители и која ги опфаќа најголем дел од прашањата кои се однесуваат на правилно и сеопфатно водење на бременоста со цел намалување на ризиците по самата бременост и конечно, заштита на здравјето на мајката и бебето.

Предавач ќе биде Д-р м-р Симонида Котларова Попоска, гинеколог-акушер. Низ интерактивна сесија ќе се обидеме да Ви ги презентираме најважните аспекти на пренаталната нега и да одговориме на Вашите прашања.

Д-р м-р Симонида Котларова Попоска

Д-р м-р Симонида Котларова Попоска

Предавањето ќе се одржи во просториите на Ре-Медика на 31.10.2023 година со почеток во 17:30 часот.

Присуството на предавањето е бесплатно. Бројот на места е строго ограничен.

Доколку сакате да присуствувате на настанот, потребно е да испратите е-мејл порака на нашата мејл адреса info@biosave.mk. Во мејлот наведете го Вашето име и презиме, Вашата е-мејл адреса и контакт телефон. Ќе добиете повратен мејл во кој ќе Ви потврдиме дека Вашето место е резервирано.

Sign In